Комплекс „Негорски Бањи“

Бањскиот комплекс Негорски Бањи нуди сместување во 3 хотели. Со реновирањето на постојаните хотелски комплекси пролетта 2007 во значителна мера се подигна квалитетот на сместување. Квалитетното сместување овозможува пријатен престој, како за оние гости кои имаат потреба од користење на уникатната термална-минерална вода, физикалните терапии, така и за оние кои имаат потреба од одмор и рекреација. Трите хотели се со различен степен на квалитет и категорија.