За здравјето на нашите пациенти и посетители се грижи тим од лекари специјалисти по физикална медицина и рехабилитација, лекар по општа медицина, медицински сестри, физиотерапевти и масерки.

Бањската вода помага при лекувањето на следниве болести

  • Ревматски заболувања-зглобен и вонзглобен ревматизам;
  • Дегенеративни заболувања на коски и зглобови и рбетен столб-артрози,дискус хернија,спондилоза;
  • Пострауматски и постоперативни состојби во ортопедија ;
  • Заболувања на нервниот систем - состојби по мозочен удар, парези  на периферните нерви неуропатии,мултиплекс склероза, церебрална парализа,мијелити ,радикулопатии итн.;
  • Заболувања на гастроинтестинален систем-гастритис,чир на желудник и дванаестпалачно црево,воспаление на жолчка и жолчни патишта, хронични воспаленија на дебело црево;
  • Кожни заболувања -псоријаза,егземи;
  • Заболувања на уринарниот систем-воспаленија на мокрачни патишта,камења во бубрег ;
  • Кардиоваскуларни заболувања-циркулаторна инсуфициенција на периферни артерии од различна етиологија , почетна артериска  хипертензија;
  • Пореметувања во менструалниот циклус,аменореја,стерилититет,хронични воспаленија на јајници и јајоводи.;
  • Респираторни заболувања-ларингити, хронични бронхити, бронхиектазии, бронхијална астма;
  • Латентен дијабет;
  • Остеопороза

       Бањите се опремени со најмодерна апаратура за сите видови терапија од полето на физикална медицина и рехабилитација

  • електро-терапија( дијадинамик, интерферентни струји, тенс, галван, електрофореза, електростимулација);
  • сонотерапија (ултразвук);
  • фототерапија (инфрацвени и ултравиолетови ламби);
  • Биотрон ламба;
  • вакууммед;
  • ласер;
  • магнетотерапија;
  • кинези-терапија  групна и индивидуална;
  • хидрокинезитерапија;
  • екстензија на рбетен столб;
  • парафин терапија;
  • подводна масажа;
  • рачна масажа-реласациона, медицинска, спортска;
  • ЕКГ;
  • Органометрија;
  • Детоксикација;
  • 2 базени со минерална вода

       Здравствениот оддел нуди и програми за здраво намалување на телесната тежина и антицелулитни третмани.

       

....................................................................................................................................................
Copyright 2007 Негорски Бањи. All rights reserved.
Weather Forecast | Weather Maps
Курсна листа:

    1 Eur  = 61,3 Ден.
    1 $      = 39,5Ден.
ДОМА             ЦЕНОВНИК             ЛОКАЦИЈА             КОНТАКТ
НЕГОРСКИ БАЊИ
Здравствен Оддел
Посетител бр.: