Ресторан

Бањите располагаат со 2 ресторани и летна градина, каде што посетителите можат да пробат здрава храна и специјалитети со вкус од југот на Македонија. Едниот ресторан се наоѓа во склоп на летната градина и е од комерцијален тип(A la carte). Другиот ресторан се наоѓа во рамките на хотелите, овој ресторан е пансионски - каде посетителите се служат со појадок, ручек и вечера со пансионски ноќевања. Овој ресторан има капацитет за 250 посетители.

Посетителите на рестораните и летната градина може да уживаат во пријатната музика на различни македонски бендови и во разни други културни и фолклорни приредби и манифестации.

A la Carte ресторанот во Негорски бањи е совршено место за организирање на сите ваши прослави. Без оглед дали станува збор за венчавка, роденден или коктел...

Дозволете нашиот професионален тим да се погрижи за вашата прослава.

Вашите резервации можете да ги направите на меил адресата ketering@negorskibanji.com.mk